Герет Саутгејт јасно стави до знаење дека не е премногу заинтересиран за враќање на тренерската работа, откако пред нецели две години ја заврши својата повеќегодишна авантура како предводник на англиската репрезентација.
Овој стратег во изминатите месеци беше поврзуван со Манчестер јунајтед и со уште неколку премиерлигаши, но Саутгејт дефинитивно смета дека го достигнал тренерскиот врв со „гордиот албион“, па не размилува наскоро да се врати на тренерскиот занает.
„Искрено, не чувствувам страст, не ми се работи во Премиер-лигата. Јас работев таму на 35-годишна возраст, завршив на 11. место. Кој е сега таму на табелата, Борнмут, Брајтон? Бев селектор на Англија, една од најважните работи во светскиот фудбал. Доживеав се, огромни мечеви, притисок, работа со извонредни фудбалери. Без никакво мешање од газди или од било кој од страна. После сето тоа, тешко е да најдеш нов тренерски предизвик. Две години веќе не сум селектор, но воопшто не барам нова работа како тренер“, прокоментира Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

