ЕКИПА во Манчестер
Владимир Булатовиќ
Македонската фудбалска репрезентација претрпе дебакл во третиот натпревар од квалификациите за Евро 2024. На „Олд Трафорд“ фаворизираните Англичани ја потврдија улогата, триумфирајќи со 7-0 притоа нанесувајќи го најголемиот пораз во историјата на нашата репрезентација.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт по натпреварот не го криеше задоволството од прикажаното на неговите избраниците, но додаде и дека не очекувал ваква игра на Македонија.
„Да бидам искрен пресреќен сум се едно вакво наше издание. Но, да бидам искрен и не очекувавме една ваква Македонија, која знаеме дека може многу подобро да одигра. Но, мислам дека и одигра колку што ние и дозволивме да одигра. Верувам дека ќе продолжиме во овој стил и понатаму и ќе се пласираме на ЕП 2024 во оваа тешка група“, изјави селекторот на Англичаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА