Саутгејт пред Белгија – едно зборува, друго прави

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, вели дека неговиот тим ќе покаже дека заслужува место меѓу топ селекциите само ако победува големи ривали. Победата над Белгија во последното коло од групата на фаза на Светското првенство е императив за Англичаните, иако ќе ги однесе во потешкиот дел од ждребот. Со пораз од Белгија, тие ќе бидат второпласирани на конечната табела и ќе одат во полесната половина од костурот во нокаут фазата.

„Не сме победиле нокаут натпревар уште од Светското првенство во 2006 година. Не треба воопшто да зборуваме за подобар пат до полуфиналето. Тоа за мене е во втор план. Градиме тим кој сака да игра и кој ќе сака постојано да победува. Не можам да замислам ситуација во која со играчите би разговарал за нешто друго освен за победа. Тоа не би имало врска со сето она што го работам две години. Немаме намера да загубиме за да си ја олеснуваме работата“ – вели Саутгејт.

И фино делува изјавата на англискиот селектор, само уште зборовите да беа проследени со дела. Имено, тој донел одлука да го ротира речиси целиот тим против Белгијците, очигледно ставајќи го резултатот во втор план.

Како што најавуваат медиумите на „островот“, Саутгејт ќе промени дури девет фудбалери во однос на претходниот меч, и тоа голманот Пикфорд и дефанзивецот Стоунс. Фил Џонс и Гери Кејхил ќе го заземат местото во одбраната на Мегвајер и на Вокер, Роуз и Александер-Арнолд ќе бидат стардни бекови наместо Јанг и Трипие.

Одмор ќе добие и капитенот Хари Кејн, на чие место ќе настапи Варди, Рашфорд ќе биде замена за Стерлинг, додека во средината на теренот ќе се појават Ерик Дајер и Фабијан Делф.

Се вчитува...