Англија испушти уште една шанса да стигне до историски прв трофеј на Европските првенства откако во финалето во Берлин против Шпанија загуби со 2-1 во супердраматичен натпревар.
По натпреварот за медиумите говореше англискиот селектор Герет Саутгејт кој напомена дека Англичаните треба да бидат горди на овие фудбалери, а проговоре и за неговата иднина на клупата.
„Не успеавме. Не ја чувавме доволно добро топката. Во првото полувреме добро се браневме, ги ограничивме нивните можности, но не бевме добри со топка се додека не примивме гол. Потоа игравме пристојно, изедначивме. Мислам дека на крајот ја плативме сметката од физичкиот напор во текот на целиот турнир, продолженијата. Нозете почнаа да се заморуваат и тогаш грешиме. Добро се држевме до 85. минута“, изјави Саутгејт кој потоа говореше и за можно заминување од клупата.
„Тешко е веднаш по пораз да говорам за остануваање. Два пати по ред ја водам Англија до финале, тоа никој никогаш не го направил. Сепак тука дојдовме да го освоиме трофејот, а тоа не го направивме“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА