Саутгејт останува селектор и после ЕВРО 2024

Герет Саутгејт најверојатно и по Европското првенство ќе остане селектор на англиската фудбалска репрезентација, и ќе ја води и на Мундијалот во 2026 година. И покрај тоа што се шпекулираше дека ќе си замине после ова ЕВРО, сепак, челниците на ФА му веруваат на селекторот, кој успеа да го однесе националниот тим до финалето и на ова Европско првенство. 

Англија не блескаше на ова ЕВРО, но успеа Саутгејт да обезбеди место во финалниот меч во Берлин каде во недела ќе игра против Шпанија.

Саутгејт пред почетокот на првенството рече дека ќе си замине од кормилото ако не го освои трофејот, меѓутоа во пресрет на финалето англиската федерација има доверба и ќе му понуди нов договор.

Се вчитува...