Герет Саутгејт со задоволство ќе остане на клупата на Англија и нема намера да ја прифати понудата на Манчестер Јунајтед за да го преземе тимот од следната сезона. Предводникот на селекцијата на гордиот Албион вели дека за него е огромна чест да биде селектор на англискиот национален тим.
„Зад нас е најдобриот успех на Англија во последните 28 години. Бевме полуфиналисти на Светското првенство во Русија, а исто така имавме успех и во квалификациите за Лигата на нации. Неверојатно сум возбуден поради резултатите и јас останувам на кормилото на националниот тим. Се уште сум млад стратег, зад мене немам ниту 200 натпревари и почестен сум што имам можност да ја водам фудбалската репрезентација на Англија. Ништо друго не доаѓа в предвид“, изјави Герет Саутгејт.
Тој во октомври минатата година потпиша нов договор со ФА на Англија, а Манчестер Јунајтед неофицијално му понуди соработка на четири сезони, со годишна плата од 10 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА