Селекторот на Англија, Герет Саутгејт размислува да направи голема тактичка промена за четвртфиналната пресметка со Швајцарија. Според „Мирор“, „Дејли Телеграф“ и „Дејли Мејл“ на вчерашниот тренинг се работело за враќање во формација со тројца централни дефанзивци. Саутгејт досега цврсто играше со формацијата 4-2-3-1, а во судиското продолжение на мечот со Словачка Англичаните одиграа со 3-5-2.
Доколку селекторот на Англија одлучи да започне против Швајцарија со тројца централни бекови, што сè уште не е сигурно, тоа најверојатно ќе бидат Кајл Вокер, Џон Стоунс и Езри Конза, бидејќи Марк Геј е суспендиран за четвртфиналната пресметка. Букајо Сака во овој случај може да биде искористен како лев крилен бек, што се случи токму во судиското продолжение од 1/8-финалниот меч. Другата опција е Лук Шо ако е подготвен. Од десната страна, Саутгејт ќе избира помеѓу Киеран Трипие и Трент Александар-Арнолд . Постои опција во оваа ситуација Англија да започне со двајца напаѓачи во форма на Хари Кејн и Ајван Тони.
Саутгејт користеше формација со три бекови за време на Светското првенство во 2018 година, за време на Евро 2020 година, тој наизменично се менуваше помеѓу двата системи. Но, пред почетокот на Европското првенство во Германија изјави дека не планира да се врати на овој начин на игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА