Англиската фудбалска репрезентација разочара во групната фаза на Европското првенство, но и покрај тоа успеа да заврши пред Данска, Словенија и Србија и од првата позиција да влезе во разигрувањето за долгопосакуваниот ЕВРО трофеј, а притоа и да се најде во „полесниот“ дел од ждрепката, избегнувајќи ги Германија, Франција, Шпанија и Португалија се до финалето.
Поради лошата игра и само двата постигнати голови на шампионатот досега, селекторот Герет Саутгејт постојано е мета на критичари, но тој верува во својот тим за кој како што вели напредува од натпревар во натпревар.
„Не треба да не заведе тоа во која половина од ждрепката се наоѓаме. Имавме многу пролеми пред почетокот на Европското првенство, но сега се си доаѓа на свое место. Начинот на кој се браниме е многу позитивна работа и на тоа ќе ја градиме самодовербата. Постигнувавме и шанси, само треба да ги користиме“, вели Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА