Фудбалската асоцијација на Англија подготви богата награда за селекторот Герет Саутгејт доколку го предводи „Гордиот Албион“ до триумф на Светското првенство во Катар.
Британските медиуми пренесуваат дека Саутгејт ќе може да смета на 4,6 милиони евра доколку Англичаните станат светски шампиони, што не им успева од 1966 година, кога единствен пат беа на врвот на светот.
„Сан“ пишува дека Саутгејт ќе може да смета на награда речиси три пати поголема од понудената за освојување на Светското првенство во Русија во 2018 година. Тогаш Здружението на тренерот му понудило 1,7 милиони евра за да ја освои најголемата титула.
Инаку, Саутгејт веќе инкасира околу 575.000 евра за пласман на Англија на завршниот турнир кој започнува на 20 ноември. Саутгејт има договор до 2024 година вреден 6,9 милиони евра годишно. На Светското првенство во Катар, Англија е во групата Б со Иран, Велс и САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА