Саутгејт „распали“ по ѕвездата од 100 милиони: Мора да биде тактички подобар

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт по мечот со Германија кажа дека Џек Грилиш мора да го унапреди тактичкото знаење ако сака да стане стартер во националниот тим.

Англија вчера против Германија одигра 1-1, откако Кејн од пенал донесе на својот тим реми, откако Хофман погоди во 50. минута. Од влегувњето на Грилиш, Англија одигра подобро.

Запрашан дали Грилиш го гледа како стартер или како златна резерва, Саутгејт одговори:

„Тој може да биде и едното и другото, не би го уфрлувал во игра 20 минути пред крајот да не верувам дека ќе прави разлика. На почетокот предизвик е крилните играчи да напаѓаат, да се бранат и да пробаат да дадат гол, а затоа е потребно високо ниво на тактичко знаење и тоа е сегмент во кој Џек мора да биде подобар. Тој ја носеше топката додека натпреварот се отвораше со многу простор и шанси“, рече Саутгејт.

Грилиш пред почетокот на оваа сезона за 100 милиони фунти (117 милиони евра) од Астон Вила се пресели во Манчестер Сити.

Се вчитува...