Саутгејт ротира во Скопје: Кејн остана на клупата, шанса за Оли Воткинс, деби за Рико Луис…

Англискиот селектор Герет Саутгејт се реши за неколку промени во составот на „гордиот албион“ за вечерашниотг меч во Скопје, во однос на претходните дуели од овој квалификациски циклус.

Онаа најзначајната – Хари Кејн нема да го предводи нападот на Англичаните на вечерашниот дуел и мечот ќе го почне од клупата за резерви, отстапувајќи му го своето место на Оли Воткинс, кој игра одлично во дресот на Астон Вила. Воткинс ќе има поддршка од Сака и Грилиш од крилните позиции, но и од Фоден и Александер Арнолд во средниот ред.

Младиот ас на Манчестер Сити, 19-годишниот Рико Луис токму во Скопје ќе го има своето деби за националниот тим, на позицијата десен бек во одбраната во која се најдоа уште и Кајл Вокер, Марк Геи и Хари Мегваер.

Се вчитува...