Ерик тен Хаг преживеа уште еден кризен состанок на управата на Манчестер Јунајтед, холандскиот стратег дефинитивно ќе го води тимот и на првиот меч по репрезентативната пауза, но општ впечаток во јавноста е дека тој нема уште премногу долго да остане на „Олд Трафорд“.
Медиумите веќе почнаа наголемо да шпекулираат околу неговиот наследник, многу често како најсериозен кандидат беше споменуван Герет Саутгејт, но доскорешниот англиски селектор самиот се исклучи од оваа трка.
„Нема да бидам нов тренер на Манчестер Јунајтед, тоа нема да се случи сезонава. Она што можам со сигурност да го кажам е дека оваа година нема да се занимавам со тренерска работа, убеден сум во тоа. Ми треба време да се одморам, да размислам и да донесам вистински одлуки за својата иднина. Неопходно ми е време, затоа нема да брзам и воопшто нема да разгледувам понуди во наредниот период“, децидно порача Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА