Саутгејт самиот се нудел за селектор, Полјаците го одбиле од една причина….

Герет Саутгејт не доби нов договор како селектор на Англија, а искусниот стратег сега се мачи да најде нов ангажман. Клубовите со посериозни амбиции воопшто не испратија понуди до него летово, па Саутгејт преку својот агент решил самиот да се понуди, и тоа за селектор на Полска.

Полјаците се во потрага по нов кормилар на националниот тим откако досегашниот селектор Михал Пробиец доби отказ по конфликтот со главната ѕвезвда Роберт Левандовски. Првиот човек на федерацијата, Чезари Кулеша, обелодени дека навистина имало контакт со Саутгејт, но на инсистирање на Англичанецот, а не на полската куќа на фудбалот.

„Точно е дека имавме еден разговор со Герет Саутгејт. Тој самиот се понуди за функцијата, но ние брзо го одбивме. Суштинската работа е што ниту еден од странските тренери што сакаа да бидат селектори на Полска не беа подготвени да гарантираат дека ќе играме на СП 2026. Тоа го барав и од Саутгејт, тој не сакаше да даде никакви гаранции. Видовте како минавме со Сантош како селектор, тој беше стратег со врвно реноме и одлични резултати, а видовте како се снајде кај нас. Затоа и не сакаме странец по секоја цена, странец што не може да ни гарантира успех“, изјави Кулеша.

Главен фаворит за нов селектор на Полска и Мациеј Скорза, полскиот стратег кој моментно е тренер на Урава на клупскиот мундијал, по што ќе следат и интензивни преговори за негово преземање на нациоанлниот тим.

Се вчитува...