Селекторот на Англија, Герет Саутгејт во последната година доста често се наоѓа во фокусот на јавноста поради одлуките кои ги носи за играчи на Манчестер Јунајтед, тим во кој има доста англиски репрезентативци чија форма е во надолна линија.
Токму поради тие факти, во овој јунски циклус беше повикан само еден фудбалер од Јунајтед, а тоа е дефанзивецот Хари Мегваер кој беше стартер за Англија и на последниот дерби меч со Италија.
Од останатиот тим, потенцијални репрезентативци за Светското првенство се Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд, но селекторот Саутгејт е максимално искрен и на пет месеци пред одигрување на мундијалот, бидејќи во овој момент, двајцата се многу далеку од репрезентацијата.
Двајцата ќе мора да се наметнат кај новиот менаџер Ерик Тен Хаг и да прикажат добри изданија во континуитет, бидејќи во спротивно, нема да бидат дел од англискиот состав кој ќе патува во Катар.
„Во овој момент имаме само еден во тимот од Јунајтед и тоа е Мегваер. Остаатите двајца треба да направат многу, треба да променат многу за да се вратат во тимот за мундијалот. Сите посакуваме да имаме повеќе свежи играчи на располагање, но до тогаш многу работи можат да се променат“, изјави Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА