Саутгејт со ултиматум: Кој нема да се вакцинира, нема да игра за Англија на Мундијалот

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт упати ултиматум до своите играчи во пресрет на СП во Катар, па им потенцирал дека репрезентативниот дрес на Англија ќе го носат само оние со веќе примена доза на вакцини.

Во Катар важи правилото за петдневна изолација доколку доаѓате од странство и не сте вакцинирани, а токму тоа ќе им создаде проблем на Англичаните.

„Дејли мејл“ дури најавува дека Саутгејт е подготвен да се откаже од неколку играчи бидејќи не се вакцинирани, а бидејќи првиот натпревар на Англија е закажан за 21 ноември, шест дена по пристигнувањето во земјата, играчите практично не би биле во тренажен процес пред средбата со Иран.

Проблемот би можел донекаде да го реши ФИФА, која врши притисок врз Катар да ги релаксира мерките поврзани со коронавирусот за време на Светското првенство, а тоа би им олеснило на другите репрезентации кои исто така имаат невакцинирани играчи.

Дури 80 отсто од играчите во Премиер лигата ја примиле вакцината, објави лигата на крајот на јануари.

Се вчитува...