Фудбалската репрезентација на Македонија во јуни ја очекува гостување на „Олд трафорд“ кај репрезентацијата на Англија.
Во двата досегашни натпревари кои Македонија ги одигра против Англичаните на гостински терен нема пораз, а тоа го загрижува и селекторот на „гордиот албион“ Герет Саутгејт.
„Целта на Англија е да биде европски првак на следното Еуро 2024 во Германија и ако сакаме такво нешто треба да продолжиме со победите. Но, ништо лесно не нѐ чека, особено не со Македонија. Верувале или не, ама Англија на домашен терен ја нема победено Македонија во историја. А, Македонија плус ја елиминираше Италија од баражите за СП во Катар. Така да нема простор ни за потценување, ни за самозадоволство, ни за размислување дека имаме лесна задача идниот месец. Ако сакаме да сме европски прваци, тогаш мора да сме сигурни дека го имаме вистинскиот менталитет, дека постојано сме на највисоко ниво и така мора да се однесуваме и да играме“, рече Саутгејт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА