Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот на ракометарки за ноемврискиот собир. На списокот ја нема капитенката Елена Ѓорѓиевска која заработи повреда на минатиот собир и поради која беше подложена на оперативен зафат.
Во репрезентацијата се враќа Јована Саздовска која поради повреда не настапи на мечевите со Црна Гора.
Првиот собир е закажан за 22. ноември (понеделник), а во склоп на подготовките Македонија ќе одигра два пријателски меча против Србија во Нова Пазова на 27. и 29. ноември. Македонија ќе чека информации и од ИХФ дали некоја од репрезентациите учеснички на Светското првенство ќе го откаже својот настап, па Македонија да влезе како замена на ракометниот мундијал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

