Селекторот на сениорската женска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објавува списокот на повикани ракометарки за собир и настап на претстојната ЕХФ недела.
Во рамки на ЕХФ неделата сениорките ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Турција во Анкара. Натпреварите се закажани за 2. и 4. март. На списокот има шест интернационалки, но Македонија, компарирано со селекцијата која настапи на Европското првенство ќе биде без голманките Матеа Чурлиновска и Марија Јованоска, левото крило Анастасија Николовска, бековите Ива Божиновска и Леонида Гичевска, а поради повреди отпаднаа Симона Маџовска и Елена Ѓоргиевска. Моника Јанеска, пак, има клупски обврски со турската Анталија Коњалти.
Собирот на репрезентацијата е закажан за понеделник (27. февруари) со почеток во 12:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА