Савевски: Наше е да се обидеме да ја изненадиме Холандија

Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва против Холандија ќе го одигра вториот натпревар од групата Ц на Европското првенство.

Селекторот Љубомир Савевски пред мечот вели дека Холандија е една од најдобрите репрезентации во светот, но дека нивно е да дадат максимум и да се обидат да стигнат до изненадување.

„Работиме најмногу на тоа да ги мотивираме ракометарките. Важно ќе биде да имаме ден да биде нашиот голман на ниво и со полна сала да пробаме да ги изненадиме. Холандија ја победи Норвешка десет разлика и тоа кажува и повеќе од доволно за нивниот квалитет. Тоа е исклучително силна репрезентација, а ние треба да бидеме објективни. Навистина би бил премногу среќен ако се обидеме да ги изненадиме. Тие имаат исклучително брзи крила, затоа мораме да трчаме многу брзо и да се обидеме да ги покриеме. Наше е да се обидеме. Ние сме тука да покажеме дека можеме да се натпреваруваме и дека сме поквалитетени од тоа што сме реално“, изјави Савевски. 

Натпреварот меѓу Македонија и Холандија кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје е закажан за во 18 часот. а

Се вчитува...