Селекторот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски ги стартуваше подготовките за Медитеранските игри кои стартуваат на 30. јуни во алжирскиот град Оран.
Савевски се одлучи на 18 ракометарки кои беа на првичниот список да додаде уште четири. Се работи за кадетските репрезентативки, голманката на Металург, Анастасија Тодоров, левиот бек на Куманово, Сара Богоевска, како и двете вардарки – пивотот Нина Попова и десниот бек Наталија Максимовска.
Македонија на Медитеранските игри се најде во групата Б, каде ќе се сретне со репрезентациите на Србија, Португалија и Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА