Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра два натпревари против Словенија во четири дена ЕХФ ЕВРО купот, како подготовка за Европското првенство на кое сме домаќини на крајот на годинава.
Првиот натпревар во Словенија во кој загубивме минимално со 28-29 „црвено-жолтите“ девојки го одиграа далеку подобро од вчерашниот пораз на домашен терен со 20-27. Селекторот Љубомир Савевски вели дека заморот кој резултирал со многу технички грешки е главниот фактор за поразот на Македонија.
„Дефинитивно заморот кој резултираше со многу технички грешки е главната причина за нашиот пораз. Во првото полувреме бевме подобар противник од Словенија, но падот на концентрацијата не чинеше многу. Промашивме три пенали и неколку зицери и наместо да водиме, на полувреме заминавме со негатива. Тоа е што секој меч е поука. Има простор за напредок, само треба да продолжиме да работиме до почетокот на Европското првенство. Мораме да почнеме да играме подобро и поцврсто во одбрана ако сакаме да имаме добри резултати во следните мечеви“, изјави Савевски.
Македонија во ЕХФ Евро купот треба да одигра уште два меча против актуелниот европски шампион Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА