Дејан Савиќевиќ откри дека неговиот поранешен соиграч и добар пријател Драган Стојковиќ му најавил на Душан Тадиќ дека првиот меч против Англија ќе го започне на клупата за резерви, бидејќи „му треба за следните два“.
Легендарниот Дејо не ја разбира изјавата на Тадиќ дадена после мечот со Англија дека е лидер на тимот и дека требало да почне во првите 11. Тој кажа дека да бил на местото на селекторот Пикси, веднаш ќе го врател играчот дома.
„Не знам зошто Тадиќ беше лут ако Пикси рекол дека му треба за следните два натпревари свеж. Да даде изјава на 36 години дека е најдобар и дека најподготвен е малку… Јас завршив кариера на 35 години и на негово место никогаш немаше да се бунам. Ќе молчев и ќе бев среќен што сум во репрезентацијата. Пикси требаше да му се заблагодари пред ова Европско првенство, а веќе кога го водеше, и после една таква изјава, јас на негово место веднаш ќе му кажев да се врати дома во Белград. Тоа ќе беше мојот одговор на таквата реакција“, рече Савичевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА