Се уште не е познато каде Душан Влаховиќ ќе ја продолжи кариерата, ако се знае дека Јувентус сака да се ослободи од големата плата што ја има српскиот фудбалер, која изнесува 12 милиони евра.
Засега, клуб кој внимателно ја следи ситуацијата е Милан. Росонерите имаат желба да го видат Влаховиќ во своите редови, но под значително поповолни услови.
Легендарниот фудбалер на Милан, Дејан Савиќевиќ, во интервју за Газета вели дека би го сакал Душан во црвено-црниот дрес и дека е голем поддржувач на таа идеја.
„Ми се допаѓа Влаховиќ, го познавам. Млад е, има 25 години, силен е и има добро чувство за голот, како и многу простор за подобрување. Беше многу добар во Фиорентина, како и, ми се чини, со Алегри во Јувентус“, изјави Савиќевиќ за Газета.
Савичевиќ верува дека присуството на Масимилијано Алегри на клупата на Милан би можело многу да влијае на одлуката на Влаховиќ.
„Се надевам дека Милан ќе го потпише. Би го сакал тоа и за него и за Алегри“, додаде Савиќевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

