Савичевиќ со обвинување до претседателот на Црвена Звезда – Тој е виновен за повлекувањето на Тумбаковиќ

Претседателот на Фудбалската федерација на Црна Гора, легендарниот Дејан Савичевиќ вели дека притисок над селекторот Тумбаковиќ имало и претходно, но не очекувал дека ќе ја напушти селекцијата пред важните натпревари во квалификациите за Европското првенство 2022. Савичевиќ тврди дека актуелниот претседател на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ бил клучниот извршител, во уценувачката кампања против репрезентацијата на Црна Гора.

„Терзиќ фрли атомска бомба на фудбалот во Црна Гора. Ние ќе ги преживееме бомбите, но тој е еден од главните актери во целата приказна. Дали му беше страв од навивачите или од документите кои стојат во фиока, не знам. Животот продолжува, само не знам со кој образ ќе дојде во посета на Црна Гора. Го докажа тоа што го зборат за него, дека е никаков човек“, изјави Савичевиќ. 

Се вчитува...