Савиќ пред мечот со Реал: Па дали бре луѓето полуделе!?

Спортскиот директор на Партизан, Зоран Савиќ се огласи околу некои шпекулации кои постојано се појавуваат во јавноста пред вечерашниот дуел на црно-белите со Реал Мадрид, трет во четвртфиналната серија од Евролигата.

Партизан има 2-0 во серијата, и прва „меч-топка“ пред своите навивачи за да си обезбеди Ф4 учество. Но, постојат одредени шпекулации декаПартизан би можел да загуби на овој трет натпревар и да го добие четвртиот меч во Белград, како би истекла казната на Кевин Пантер и тој би можел да игра на евентуалниот Фајнлфор во Каунас.

„Кога ќе го слушнам тоа… Па, дали бре луѓето полуделе? Веруваат дека Реал е тим од Алкобендас кого може да го победите кога ќе посакате. Замислете, Серхио Љуљ и Руди Фернандез имаат повеќе мечеви од сите наши кошаркари. Па зарем мислите можете туку така да си закажете термин кога сакате да победите, па дури еден Реал“ – вели Савиќ пред вечерашниот дуел и дополнува:

„На почетокот од сезоната не можевме ниту да сонуваме дека една победа ќе не дели до пласманот на Ф4. Создадовме мешавина од млади, талентирани, играчи и ветерани од кои навистина сме презадоволни. Вреди убаво да се согледа каде бевме пред две години, а каде сме сега“.

Савиќ се осврна и на инцидентот од вториот меч во Мадрид.

„Ужасно е да се заврши меч на таков начин. Се беше апсолутно мирно на тој натпревар, а потоа беа секунди. Во инцидентот учествуваат двајца наши момци кои верувајте се најмирни во екипата. На Пантер и Егзум никогаш не можете да им слушнете глас. Ми се чини дека требаше да има некој друг тип на казни, затоа што вака Евролигата ги санкционираше клубовите а не играчите. Последиците ги трпат Реал и Партизан како организации, иако се најмалку виновни за се тоа што се случи“ – вели Савиќ.

Се вчитува...