Саво Милошевиќ по фијаското во Луксембург: Ова е реалноста, не можеме против толку силни репрезентации

Саво Милошевиќ требаше да помогне репрезентацијата на БиХ да се врати во победнички ритам, но српскиот стручњак се покажува како катастрофално решение.

Ако за убедливиот домашен пораз од Португалија и може да се најде изговор, тогаш нема никакво оправдување за катастрофалното издание на синоќешното гостување во Луксембург и убедливиот пораз од 4-1. Милошевиќ се појави на прес-конференцијата и вината за ова фијаско ја префрли врз фудбалерите и целокупната состојба во фудбалот во БиХ.

„Ова е реалноста, не можеме да трчаме за ова ниво на натпреварување. Тоа е една реченица, најголем проблем… можеме да зборуваме за уште илјада работи, но кога не трчате доволно за да парирате на ривалот не можете да очекувате ништо повеќе. Не можеме против толку силни репрезентации, модерниот фудбал бара многу трчање, а кај нас го немаше тоа денеска“, изјави Саво Милошевиќ.

Се вчитува...