Легендарниот поранешен фудбалер на Партизан и на Србија, Саво Милошевиќ е назначен за нов тренер на Партизан. Тој практично се враќа на кормилото на тимот на кое беше во сезоната 2019/2020.
Милошевиќ беше играч на Партизан од 1992 до 1995 година, кога се пресели во Астон Вила. Тој се врати на 27 март 2019 година како тренер, за да замине во септември 2020 година.
Промоцијата на новиот шеф на стручниот штаб ќе се одржи во понеделник на 30 септември 2024 година. Милошевиќ ќе го замени Александар Станојевиќ кој поднесе оставка после поразот во дербито против Црвена Звезда.
Покрај Партизан, Милошевиќ беше тренер на Олимпија Љубљана и селектор на БИХ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА