Саво „од принцип“ си замина од Партизан, сега ќе спасува „давеник“ во Иран

Саво Милошевиќ ги шокираше навивачите на Партизан откако си поднесе оставка од кормилото на овој клуб по недоразбирањата со управата и конфликтот со Предраг Мијатовиќ околу наредбата еден играч од тимот никогаш да не биде внесуван во игра.

Станува збор за бекот Керкез кого Милошевиќ го внесе во последните триесетина минути од еден меч од српското првенство, за веќе следниот ден да си замине од клупата на белградските „црно-бели“. Легендарниот голгетер не остана долго без работа, но изненади со изборот на следната дестинација во кариерата, заминувајќи во далечниот Иран.

Милошевиќ денеска беше промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Насаџи, еден од најстарите клубови во иранскиот фудбал кој се соочува со оглема криза. Оваа екипа моментно е претпоследна на табелата, а токму Саво ќе биде значаен адут во битката за опстанок.

Интересно, Милошевиќ ќе го има дебито во новиот клуб против уште еден српски стратег, Миодраг Божовиќ кој го води тимот на Естегал.

Се вчитува...