Савовски се закити со вториот трофеј во сезоната: Имавме тежок пат до финалето, но максимално се боревме

Македонскиот репрезентативен блокер Филип Савовски се закити со нов трофеј во својата кариера откако неговата Војводина го освои трофејот во Купот на Србија славејќи со 3-1 (25-22, 22-25, 25-22, 25-21) во големото финале против Млади Радник.

За српскиот клуб и Македонецот кој натпреварот го заврши со седум реализирани поени тоа е втор трофеј оваа сезона откако претходно „црвено-белите“ стигнаа и до оној во Суперкупот на Србија.

„Го освоивме вториот трофеј оваа сезона. За нас е од големо значење со оглед на тоа што влеговме со сезоната без амбиции за трофеј. Мислам дека остваривме голем успех и се надевам дека ќе продолжиме вака. Имавме тежок пат до финалето, но мислам дека дадовме максимум и заслуживме да го добиеме натпреварот“, изјави Савовски по средбата.

Се вчитува...