Раководството на ЖРК Вардар денеска го објави трансферот на Јована Саздовска, левото крило на македонската репрезентација која потпиша договор со актуелниот првак на нашата земја. Во ситуација кога „вардарки“ останаа без Мавсар и Херем, кои настапуваа на позицијата лево крило минатата сезона, изборот за нов играч во овој дел од тимот падна токму врз македонската репрезентативка.
Саздовска за неколку денови ќе го прослави 24 роденден, и досега има над 30 настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Таа е второто засилување за следната сезона за Вардар, по пивотменот Драган Цвијиќ.
Подготовките на Вардар за новата сезона почнуваат на 1 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА