Јована Саздовска, репрезентативката на Македонија по мечот и поразот од Холандија ја истакна својата разочараност од резултатот. Истакна дека нашите ракометарки играле против силна репрезентација која има амбиции да игра до крај на првенството, но и дека Македонија имала доста технички грешки.
Саздовска верува во сите дека против Романија ќе го дадат максимумот Македонија да дојде до победа.
„Многу ми е жал за публиката, многу ми е криво за нив, ваква поддршка немаме секој ден. Холандија имаат амбиции за финалната фаза, денеска немавме толку среќа, немавме некои т.н. евтини голови. Противничките беа позрели од нас, не искористивме она што ни се пружи, имавме доста технички грешки. Од грешките секогаш се учи, глава горе, имаме уште еден натпревар со Романија, 60 минути пред нас. Да се биде или не е тој меч, верувам во сите. Почнувајќи од себе разочарана сум, не го искористуваме она што ни се пружа, навистина ми е жал. Но, тоа е Холандија, која има големи амбиции. Заморот, и нивната техничка подготвеност, зрелоста беа пресудни, и дефинитивно се покажува дека минутажата на вакви ЕП, односно кој колку искусил, сето тоа има фактор на крајот за резултатот“, рече Јована Саздовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА