Македонската ракометна репрезентативка Јована Саздовска стави крај на својата германска авантура заминувајќи си од редовите на Турингер. Крилната ракометарка ги мина последните неколку сезони во дресот на Турингер, тим со кој настапуваше и во Лигата на Шампионите, но откако не беа договорени условите за продолжување на соработката таа реши да се пресели во Романија.
Дунареа ќе биде новиот клуб на Саздовска, откако беа договорени условите и ставен потпис на договорот со кој оваа ракометарка ќе се врати назад во романското првенство, каде претходно го има носено дресот на Магура.
Јована Саздовска кариерата ја почна во Металург, потоа играше една сезона во романската Магура, пред да се врати во Македонија и да го облече дресот на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА