Се ближи крајот на Депај во Барселона: Холанѓанецот неоправдано пропуштил тренинг

Тренерот на Барселона, Чави е лут на холандскиот фудбалер Мемфис Депај откако тој го пропуштил тренингот на „каталонците“. Според „АС“ фудбалерот не се појавил на тренинг пред мечот со Селта во Купот на Шпанија, и тоа преставувало изненадување за стручниот штаб.

Наводно Барселона му подготвува парична казна на фудбалерот, кој сега е блиску да го напушти тимот и да се пресели во Атлетико Мадрид.

Чави најави дека ќе разговара со фудбалерот околу неговата иднина, но новата ситуација може да ги смени работите, односно Холанѓанецот повеќе да не се појави во тимот на „каталонците“.

Се вчитува...