Пеп Гвардиола на чело на Манчестер Сити ќе остане уште следната сезона, по што ќе го напушти клубот, пишуваат англиските медиуми. Договорот на одличниот Шпанец, кој освои шест титули со „граѓаните“, истекува на крајот на идната сезона, по што веројатно нема да биде продолжен.
Гвардиола наводно сакал до крај да го одработи договорот, а потоа да си оди од клубот. Со Сити ги освои сите можни трофеи, и си заминува како најдобар менаџер во историјата на Сити, и еден од најдобрите во Премиерлигата во овој век.
Пеп во минатото беше дел од Барселона и Баерн Минхен, каде исто така ги освојуваше трофеите во домашните првенства. Со Баерн Минхен не успеа да стане само европски првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА