Франческо Ричи, борецот во Шампионатот за бокс без ракавици се наоѓа во медицинска кома по последната борба.
26-годишниот Американец претходниот викенд се бореше со Ноа Катер, во меч кој беше прекинат во третата рунда откако во текот на борбата Ричи прими удар во душникот што предизвика крварење во плуќата, а неговата состојба дополнително се влоши во текот на операцијата.
Веста за состојбата на Ричи стигна и до неговиот противник кој преку Инстаграм испрати морална поддршка.
„Се молам за него и му посакувам се најдобро на Франческо. Ние влегуваме во рингот за да се повредиме, но никогаш не би му посакал вакво нешто на мојот противник. Оздрави побрзо“ – изјави Катер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА