Барселона може да остане без 55 милионско засилување Дани Олмо доколку не успее да го регистрира за вториот дел од сезоната. Шпанецот кој настапи на 15 натпревари во каталонскиот дрес во Ла Лига, а притоа постигна шест голови може слободно да замине од клубот доколку одново се повторат финансиките потешкотии.
Каталонците поради прекршување на финансискиот фер плеј не се во можност да го регистрираат Олмо за 2025 година, а и покрај тоа што претседателот Жоан Лапорта има план да ги продаде ВИП ложите на новиот „Камп Ноу“, се поставува прашањето дали раководството на славниот клуб ќе ја заврши потебната документација навреме.
Лапорта изминатиот период го помина во Дубаи каде бараше заинтересирани купци за скапите ложи. Интерес не недостасува, но Олмо мора да биде регистриран до 31. декември во 23 часот, 59 минути и 59 секунди за Барселона да не остане без неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА