Се чека само на Баерн: Топ 5 лигите со старо-нови шампиони

Баерн Минхен со освоен бод на мечот против Ајнтрахт Франкфурт в сабота ќе стигне до нова титула во германската Бундес-лига. Воедно, доколку баварскиот клуб стигне до трофејот, ќе биде исполнет уште еден куриозитет, кој вели дека во топ 5 лигите во Европа за првпат титулите ќе останат во истите клубски витрини.

Најинтересна беше борбата во англиската Премиер-лига, во која Манчестер Сити успеа да го одбрани трофејот со 98 бода и само еден повеќе од второпласираниот Ливерпул кој за освојување на титулата, не му беа доволни ниту 97 освоени бода.

Во Шпанија, Барселона без поголеми проблеми ја одбрани титулата, во година во која најголемите ривали, Реал и Атлетико Мадрид имаа многу проблеми. Во Италија продолжи доминацијата на Јувентус, кој на убедлив начин осма година по ред е најдобар тим на Апенините. Во последната од топ 5 лигите во Европа, француската Лига 1,  Пари Сен Жермен на домимантен начин го одбрани трофејот, и шести пат во последните седум години го освои епитетот најдобар клуб во Франција.

Сепак за да се случи тоа „баварците“ ќе мораат да ја оправдаат фаворитската улога против Ајнтрахт Франкфурт и да не загубат на мечот од последното коло во Бундес-лигата, или Борусија Дортмунд да не победи на гостувањето кај Борусија Менехнгладбах.

Се вчитува...