Многу веројатно дека Фенербахче ќе го врати Алиоски во Саудиска Арабија пред истекот на позајмицата. Алиоски во следните денови ќе се врати во Ал Ахли, откако раководството на тимот од Истанбул донело одлука да ја прекине позајмицата, поради преголемиот број на странци во соблекувалната на Фенер. Челниците побарале од Жорге Жозес да одлучи кои играчи ќе го напуштат клубот, за да може да се ослободи местото за странци во тимот, и одлуката падналата на Алиоски и на Густаво Енрике.
Разделбата со Алиоски треба да биде и официјално потврдена од тимот на Фенербахче, а беше најавувана уште пред две недели. Инаку претходно беше најавувано дека Фенер ќе го откупи неговиот договор, но во меѓувреме работите се сменија.
Алиоски имаше повреда, а се врати минатото коло во стартниот тим на Фенер против Газиантеп во кој неговиот тим победи со 1:2.
Fenerbahçe, Ezgjan Alioski ve Gustavo Henrique ile yolları ayırmayı hedefliyor.
(🔗TRT Spor)
— Fenerbahçe’nin Savaşçı Ruhu (@fbsavasciruhu) January 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА