Се чека само промоцијата: Спалети и Јувентус си подадоа рака

Лучијано Спалети постигна договор со Јувентус да го наследи Игор Тудор на клупата на „Старата Дама“. Ова го објави „Скај Италија“ вечерва, напоменувајчи дека двете страни си подале рака. 66-годишниот тренер многу веројатно ќе биде промовиран во четврток.

Јувентус претходно го отпушти Тудор откако тимот немаше победа седум кола. Тимот во моментов е на осмото место во Серија „А“.

Последен ангажман на Спалети му беше италијанската репрезентација, а од летото е без ангажман. Претходно ја освои титулата со Наполи, а беше дел и од Рома, Зенит и Интер.

Се вчитува...