Алекс Фергусон продолжува да се рехабилитира по мозочниот удар што го имаше пред дваесетина дена, а од Островот пристигнуваат позитивни вести околу здравствената состојба на прославениот стратег. Неговото семејство се уште не дава официјални информации околу состојбата на Сер Алекс, но тие стигнуваат до медиумите „од трета рака“, во случајов преку голферот Рори Мекилрој, кој е добар пријател со легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Пол Сколс.
„Она што го знам сигурно е дека Алекс Фергусон е многу, многу подобро. Го чуваат во болница за да извршат дополнителни испитувања врз него, но сите се оптимисти околу состојбата на Сер Алекс. Како што вели Пол Сколс, тој сигурно веќе им наредува на докторите што да прават, едноставно е таков карактер. Сите сме среќни поради неговата здравствена состојба“ – изјави Мекилрој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА