За легендарниот француски тенисер Јаник Ноа се уште нема дилема кој е најдобар тенисер во светот. Иако веќе две години Новак Ѓоковиќ нема освоено гранд-слем трофеј, легендарниот Французин се уште верува во него.
Пред почетокот на „Лејвер купот“ каде Ноа ќе биде капитен на тимот на Европа, говореше за Новак Ѓоковиќ и неговите шанси за освојување на гранд-слем трофеј.
„Додека игра, Новак Ѓоковиќ може да освои гранд-слем турнир. Може да се каже дека разликата е во младоста, но да не заборавиме дека порано велевме дека дошол крајот за Рафаел Надал, а тој освои уште два гранд-слема“, изјави Ноа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

