Италијанскиот репрезентатвец Федерико Киеза наскоро би можел да постане нов фудбалер на Барселона откако ги договори личните услови со шпанскиот гигант па останува уште каталонците и Јувентус да најдат заеднички јазик за износот на трансферот.
Барселона од почетокот на преодниот рок бара решение за крилните позиции. Најголем интерес имаше за Нико Вилијамс, но младиот Шпанец се одлучи да остане во Билбао. Постоеше интерес и за Рафаел Леао, но кој чини премногу па изборот падна на поефтината опција – Федерико Киеза.
Јувентус за услугите на Киеза бара 15 милиони евра, а Барселона е подготвена да издвои 13 милиони евра па останува уште двата тима да се договорат за обесштетувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА