Се допингуваат дури и за спортски бриџ!

Светскиот играч број еден во спортски бриџ, Геир Хелгемо, паднал на допинг тест и доби една година суспензија, соопшти бриџ федерацијата на Монако. Норвежанецот Хелгемо бил позитивен на „кломифен“, лекарство за стимулирање на овулацијата кај жените. Овој лек ја подобрува концентрацијата.

„Ова е класичен пример дека допингот се користи и во спортови каде физичките способности не се примарни. Но, помнењето и концентрацијата исто така можат да се подобрат со различни стимуланси. Жалиме што талент камо Геир Хегелмо е суспендиран, но се надеваме дека оваа казна ќе биде пример за другите играчи да не користат недозволени средства“, изјави Жилбер Вивалди, првиот човек на Федерацијата за спортски бриџ.

 

 

Се вчитува...