Се е договорено: Алиоски потпишува за Трабзон!

Езгијан Алиоски си заминува како слободен играч од Ал Ахли, а нов клуб на македонскиот репрезентативец ќе биде турскиот првак Трабзонспор. Челниците на оваа екипа подолго време се интересираат за офанзивниот лев бек, кој лани ги одби за да се пресели во Саудиска Арабија, но овојпат нема пречка за трансферот на Алиоски во Трабзон да биде комплетиран.

Медиумите од Турција јавуваат дека сите детали се веќе средени, откако Алиоски пред да замине на годишен одмор му дал инструкции на својот агент од сите заинтересирани клубови да преговара единствено со Трабзон. Меѓу двете страни постои целосен договор, а Трабзон во меѓувреме се ослободува и од прекубројните странски фудбалери во своите редови за да може без проблеми да го регистрира Алиоски.

Нашиот интернационалец на крајот од оваа седмица треба да се врати од одмор, по што ќе отпатува директно за Турција, на лекарски прегледи и потпис со Трабзонспор.

Алиоски би требало да биде значаен адут во квалификациите за ЛШ, во обид овој тим да обезбеди учество во групната фаза од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...