Се е договорено: Џеко прави „кам-бек“ во Германија

Напаѓачот на Фиорентина, Един Џеко е со спакувани куфери и чека да се врати во германската Бундеслига. Фудбалерот од БиХ ја прифати понудата од Шалке, каде ќе настапува во иднина.

Искусниот напаѓач досега играше во дресот на „виолетовите“ од Фиренца, каде дојде од Фенербахче, но не доби минутажа, па затоа бараше нова средина.

Иако претходно се пишуваше дека ќе заврши во екипата на Париз, сепак, на крајот се одлучи да се врати во Германија. Шалке веќе го чека на потпис.

Џеко после 15 години ќе се врати во Германија. Од 2007 до 2011 година играше за Волфсбург, а потоа имаше импшресивна кариера откако замина во Манчестер Сити, па во Рома, Интер, Фенербахче и сега Фиорентина. За селекцијата на БиХ има одиграно 146 меча и постигнато 72 гола, бројки кои тешко дека некој ќе ги достигне.

Се вчитува...