СЕ Е ДОГОВОРЕНО: Елиф Елмас на шестмесечна позајмица во Валенсија!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас следните шест месеци ќе ги мине на позајмица од Лајпциг во редовите на шпанска Валенсија, приклучувајќи му се на репрезентативниот колег Столе Димитриевски.

Како што синоќа објави „Скај Германија“ веќе и дефинитивно Елмас, барем до крајот на сезоната заминува од Лајпциг, и по точно една година во Германија сега оди како позајмен фудбалер во редовите на Валенсија.

Шпанскиот тим води грчевита борба за опстанок во овој момент, па раководството на клубот верува дека македонскиот фудбалер и тоа како е неопходен за изборување опстанок во лигата. Не е никаква тајна дека и тренерот Карлос Корберан директно стапил во контакт со Елмас за да го убеди да дојде на „Месталја“.

Па, деталите се договорени, а Елмас деновиве се очекува и официјално да биде промовиран како нов соиграч на Столе Димитриевски.

Договорот на Елиф со Лајпциг е до 2028 година, а во Валенсија ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Се вчитува...