Се е договорено: Елмас се врати во Наполи

Елиф Елмас и официјално ќе се врати во Наполи. Лајпциг и италијанскиот клуб се договорија. Најпрво една сезона на позајмица, а потоа со право на откуп. Засега не се прецизирани деталите по кои услови ќе може неговиот поранешен клуб да го задржи и понатаму.

Со тоа се оствари самата желба на Елмас да се врати во Наполи, откако не се снајде во германскиот тим. Мина една и пол сезона, со тоа што минатата сезона пола ја мина на позајмица во Торино. Во Наполи ги доживеа најблескавите мигови во кариерата.

За овој трансфер и официјално објави и познатиот новинар Фабрицио Романо. Договорот треба да се комплетира во следните часови.

Се вчитува...