Јувентус е на добар пат да осигура значаен трансфер за новата сезона откако „старата дама“ влезе во завршна фаза од преговорите со Фелипе Андерсон од Лацио.
Бразилскиот интернационалец има уште неколку месеци од договорот со „лацијалите“ па може директно да преговара со заинтересираните клубови, а за Јувентус е особено интересен поради фактот дека е достапен „гратис“, без да му биде платена отштета на неговиот сегашен клуб.
Понудата на „старата дама“ за 30-годишниот фудбалер изнесувала четири милиони евра по сезона, Андерсон начелно ја прифатил истата и останува да бидат договорени само уште неколку клаузули пред трансферот да може да биде официјализиран.
Фелипе Андерсон во последните години важеше за еден од најдобрите поединци во таборот на римскиот клуб, но сезонава игра под своите стандарди, постигнувајќи само три гола и шест асистенции на 31 натпревар во Калчо-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА