Се е договорено: Лука Модриќ во Милан после Светското клупско првенство

Ветеранот Лука Модриќ, ќе му се приклучи на Милан после Светското клупско првенство. Се е веќе договорено, и останува само официјалната промоција на играчот, кој после 13 години ќе го напушти Реал Мадрид и за првпат ќе игра во Италија.

Одличниот играч од средниот ред претходно беше дел од Тотенхем. Тој пред неколку дена најави дека ќе го напушти кралскиот клуб, откако му истече договорот со Реал, со кого освои се што можеше да се освои во Шпанија и во Европа.

Модриќ се надева дека ќе ја задржи формата за Светското првенство идната година, кое веројатно ќе му биде последно во дресот на Хрватска, со кој го освои второто и третото место на последните два Мундијали.

Се вчитува...