Се е договорено – Шкендија го продаде Тамба во Турција!

Еден од најдбрите фудбалери на Шкендија ова лето, Сенегалецот Фабрис Тамба својата кариера ќе ја продолжи во Турција.

По одличните настапи за „црвено-црните“ во квалификациите за Лигата на шампионите, крилниот офанзивец не можеше да ја одбие понудата на турскиот прволигаш Амедспор, поранешен Дијарбакир, и сосема извесно кариерата ја продолжува надвор од Македонија.

Според информациите од Турција, Шкендија од продажбата на еден од своите најдобри фудбалери ќе заработи околу 600.000 евра, што е еден од највисоките трансфери од македонскиот фудбал.

Тамба во Шкендија дојде од редовите на Шкупи на крајот од минатата година.

Се вчитува...